Search

УКЦ„Мајка Тереза” да се прогласи за Зелена зона, а единствен Ковид центар да биде „8 Септември”

Интегрален текст од прес конференција на Алијанса за Албанците

„Причината за оваа прес конференција е сериозната епидемиолошка состојба во државата, предизвикана од пандемијата на вирусот САРС КОВ 2 и болеста КОВИД19, што Алијансата за Албанците внимателно ја следеше и како опозициска партија реагираше во седниците на парламентот, но и со многу реакции преку социјалните мрежи, со единствена цел, да дадеме свој придонес во ублажувањето на последиците врз здравјето на населението и врз економијата на државата. Како партија и како комисија за здравство, сакаме да им честитаме и да им се заблагодариме на лекарите и на другиот помошен персонал за борбата и неуморната работа во изминатите девет месеци против чумата на 21 век. Минуваме низ тежок период, од една страна, се бориме со невидлив и опасен непријател, а од друга страна, се соочуваме со несоодветни, конфузни и многу задоцнети здравствени политики.

Алијансата за Албанците меѓу првите алармираше за опасноста која доаѓаше од Далечниот Исток, но владата не ги послуша нашите совети. Алијансата за Албанците го предложи Пакетот 10 за ублажување на миграцијата на лекари и друг медицински персонал, но владата не ги послуша нашите предлози и совети. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива во изборната програма предложи 7 мерки за справување со пандемијата КОВИД 19 и слични состојби, но владата заради високото его и балканскиот менталитет, повторно не ги послуша и не ги прифати нашите совети.

Нашиот заклучок е дека :

– Владата Заев 1 го изгуби Јануари и Февруари и се најде неподготвена за време на првиот бран, a Владата Заев 2 го изгуби Септември и Октомври, и сега во Ноември сме во тешка и непредвидлива ситуација, рангирајќи се како држава со највисока смртност во регионот и пошироко, и со значителен недостаток на медицински кадар во борбата против КОВИД19.

– Трансферот на УКЦ „Мајка Тереза” во КОВИД Центар е следната направена грешка и според нашите анализи оваа одлука директно или индиректно ќе влијае врз здравјето на граѓаните, со тешки последици.

Затоа Алијансата за Албанците предлага:

  1. УКЦ „Мајка Тереза” во Скопје, да се прогласи за Зелена зона каде ќе се лекуваат пациенти во терциајарнитe институции, додека единствен КОВИД Центар да биде Градската болница „8 Септември” со сите капацитети, каде што ќе се лекуваат сите заразени од корона вирусот со реорганизација на медицинскиот персонал и работата во болницата и истовремено итно да се изградат модуларни болници во кругот на ова здравствена установа, зголемувајќи ги капацитетите на кревети и услуги.
  2. Итно, касарната „Илинден” и Спортската Сала „Борис Трајковски” да се подготват за импровизирани болници за прием на пациенти со КОВИД19.
  3. Воен медицински персонал од редовите на Армијата на Република Северна Македонија, да биде вклучен во третманот на пациенти со КОВИД19 во јавните болници, и
  4. Да се бара меѓународна помош, конкретно да се ангажираат лекари со искуство од земјите кои постигнале добри резултати во лекувањето на КОВИД19.

Почитувани граѓани, носете маска, држете физичка дистанца и мијте ги рацете почесто за ваше добро и доброто на вашите најблиски, истотака апелираме и до хронично болните редовно да си ја примаат терапијата и да се грижат за нивното здравје.

Треба да знаете
Последни објави