Search

Украл „хјундаи“ во Кисела Вода, па направил сообраќајка во Ново Село

На 13.10.2021 во 14.30 часот на ул.„Пролет” во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Б.Д.(46) од Скопје.

Тој бил уапсен поради сомнение дека на 11.10.2021 од булевар Борис Трајковски украл „хјундаи”,  сопственост на Т.Н. од Скопје. Со украдениот автомобил подоцна во село Ново село удрил во  „цитроен берлинго”, сопственост на К.М. од Скопје и го напуштил местото.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 242 од Кривичниот законик.

Треба да знаете
Последни објави