Search

Украинските војници го фрлија руското знаме од покривот на општинската зграда во Лиман (ВИДЕО)

Украинските војници влегоа во градот Лиман, важен железнички јазол во источна Украина што беше под контрола на руските воени сили, соопшти украинската армија.

„Украинските сили навлегуваат во Лиман во регионот на Доњецк“, објави украинското Министерство за одбрана на Твитер. Доцна суноќа Министерството за одбрана објави видео на кое се гледа како припадниците на 81-та воздухопловна бригада и Националната гарда ги соборуваат непријателските, односно руските знамиња во центарот на градот.

Украинската армија претходно вчера објави дека „опколила“ неколку илјади руски војници во овој град. Гувернерот на соседната Луганска област Сергиј Гаидај на руските војници во Лиман им понуди три опции: „да побегнат, да умрат заедно или да се предадат“.

Лиман се наоѓа во областа Доњецк, која Москва ја анектираше во петокот, но не е целосно под контрола на руските војници. Загубата на Лиман би значела уште еден неуспех за руската војска, која претрпе неколку воени неуспеси од почетокот на септември и започнувањето на контраофанзивата на Киев во јужна и источна Украина.

Треба да знаете
Последни објави