Search

Украинската црква ќе прогласи автокефалност на 15. декември

Светиот Синод на украинската Православна Црква ќе се состане на 15. декември со цел да прогласи автокедалност и да избере патријарх, најави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Тој најави дека Синодот ќе заседава во црквата Света Софија, која со векови е центар на православието во Украина.

Властите во Киев наведуваат дека ова е важен чекор за отстранување на руското мешање на украинска територија.

За време на мандатот на Порошенко, Украина го започна процесот на создавање на национална црква и раскинување на повеќевековните врски со руското свештенство, јавува агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави