Search

Украина побара забрана за минување на руски бродови низ Босфорскиот теснец

Официјален Киев има намера да побара забрана за минување на руски бродови низ Босфорскиот теснец поради настаните во Азовското море, изјави денеска командантот на украинската воена морнарица, Игор Воронченко.

„Во согласност со конвенцијата од Монтре и нејзиниот параграф 19, ќе бараме затворање на Босфор во Турција со цел да ги натераме Русите да разберат што значи кршење на меѓународното право“, рече Воронченко.

Конвенцијата од Монтре била усвоена во 1936 година, кога Турција добила суверенитет над Босфор и Дарданелите, а таа подразбира слободен премин на трговски бродови од сите земји преку овие два премини.

Меѓу Русија и Украина, избија тензии во неделата кога руските сили запленија три украински воени бродови во Црното Море, по што Киев воведе воена состојба во пограничните области.

Воронченко рече дека Украина ги испратила своите бродови до теснецот Керч за да покаже што може да направи и додаде дека ваквата одлука не била погрешна.

Треба да знаете
Последни објави