Search

Украина контролира над две третини од „сивата безбедносна зона” во Донбас

Украинските сили презеле контрола нас две третини од т.н. „сива безбедносна зона” во Донбас, тврди украинскиот претседателски советник и помошник на министерот за одбрана, Јуриј Бирјуков.

„Сивата зона” ги одделува силите на самопрогласените народни републики Донецк и Луганск и силите на украинската армија. Границите на зоната се дефинирани со Договорот од Минск, а испраќањето војници во населби во сивата зона претставува кршење на договорот.

Украинските сили постојано најавуваа преземање контрола над нови позиции во „сивата зона” за време на нивната воена операција во Донвас, пренесува ТАСС.

Треба да знаете
Последни објави