Search

Украина е подготвена да го оддели Донбас од остатокот на земјата заради Русија

Советникот на претседател на Украина, Андриј Јермак, изјави денеска дека Украина со ѕид ќе го одвои Донбас од остатокот на земјата, доколку Русија не се согласи на прекин на огнот и размена на затвореници на самитот во Париз следната недела.

„Ако Русија не сака да се согласи со договорот во тој случај ние ќе направиме ѕид и животот ќе продолжи“, рече Јермак на форум во Лондон, пренесе „Ројтерс“.

„За жал, ќе живееме во сценарио на замрзнат конфликт“, додаде советникот на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Советникот додаде дека договорот од Минск за решавање на кризата во Донбас е застарен и треба да се подобри. Лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија ќе се состанат на 9 декември, за прв пат во три години, за да се обидат да се стави крај на конфликтот во источна Украина меѓу силите поддржани од Русија и украинските трупи.

Досега се убиени над 13.000 луѓе во конфликтот.

Треба да знаете
Последни објави