Search

Украдени податоците на Севернокорејци кои пребегнале во Јужна Кореја

Личните податоци на речиси илјада лица од Северна Корејка кои пребегнале во Јужна Кореја, беа цел на хакерски напад, соопштија денеска локалните власти. Во кибер нападот, хакирана е базата на податоци на Агенцијата за преселување.

Јужнокорејското Министерство за обединување соопшти дека минатата недела открило оти се хакирани имињата, датумите на раѓање и адресите на 997 Севернокорејци кои се населиле во Јужна Кореја. За случајот информирани се и лицата чии податоци биле хакирани. Хакерскиот напад се случил во ноември.

Околу 30 илјади Севернокорејци пребегнале во Јужна Кореја, глевно преку Кина, од крајот на Корејската војна во 1953 година.

Треба да знаете
Последни објави