Search

Украдени милион евра од блиндиран автомобил во Словенија

Од блиндиран автомобил на словeнечката Агенција за обезбедување од Цеље, кон крајот на декември биле украдени милион евра, пишува „Вечер“.

Полицијата сѐуште не ги пронашла крадците.

Како што пренесува весникот, двајца вработени од озбезбедувањето го оставиле возилото без надзор, во дворот на Агенцијата, на чекајќи ги нивните колеги од следната смена да ја преземат испораката.

Од автомобилот биле одземени околу милион евра во готовина.

Се претпоставува дека крадците имале инсајдерски информации кои им помогнале во кражбата, а се верува и дека знаеле каде стои клучот од возилото.

Треба да знаете
Последни објави