Search

Украдени лични податоци на повеќе од 50 милиони корисници на „Инстаграм“

Платформата за споделување на фотографии „Инстаграм“ вели дека се обидува да открие како биле украдени лични податоци од преку 50 милиони корисници, но и како тие завршиле во незаштитена база на податоци.

Меѓу податоците биле е-маил адреси и телефонски броеви од познати личности и „инфлуенсери.“

Базата на податоци е лоцирана во Мумбаи и е поврзана со компанија под името Chtrbox.

„Инстаграм“, платформа која е во сопственост на социјалната мрежа „Фејсбук“ изјави дека работи на случајот и се обидува да дознае како податоците стигнале таму.

„Го разгледуваме случајот за да откриеме дали споментатите податоци се преземени од „Инстаграм“ или од други извори. Работиме и со компанијата од Мумбаи, со цел да дознаеме како ги добиле поатоците и како истите испливале во јавност“, велат од „Инстаграм“.

Покрај е-маил адресите и телефонските броеви, овие информации содржеле и податоци за локациите на корисниците.

Базата на кои биле префрлени овие податоци била зачувана на сервер на Амазон, но истата не била заштитена со лозинка и на тој начин била откриена.

Chtrbox, пак, е маркетинг компанија која се уште не одговара на овие коментари, но ја отстрани базата на податоци.

Прибирањето на податоци од профилите на „Инстаграм“ ги прекршува правилата и политиката на користење на мрежата.

Треба да знаете
Последни објави