Search

Украдени бакарни намотки од трафостаница во Прилепско

Непознат сторител ги одвртел завртките од ормарот на 50 киловолтната трафостаница во местото викано „Поводеници” во Прилеп и ја турнал на земја, по што ги одзел бакарните намотки.

Кражбата, вчера во 9:10 часот во полициската станица Прилеп, ја пријавил вработен во ЕВН-Македонија, кој посочил дека се случила во периодот од 8:00 часот на 3 јануари до 2:00 часот на 4 јануари, годинава.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Треба да знаете
Последни објави