Search

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража

– Вечерва во 18:30 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, што беше воведена во 15:50 часот поради врнежи од снег, информира Автомотосојузот на Македонија.

Претходно од АМСМ информираа дека во 18:15 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, која беше воведена во 15 часот поради врнежи од снег.

Од „Македонијапат”информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а снег врне во Крива Паланка, Страцин, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

„Македонијапат” апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Дежурните екипи на „Македонијапат” се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Треба да знаете
Последни објави