Search

Укината забраната за камиони на патот Маврово – Дебар

Укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти АМСМ. Патот е пуштен за сообраќај во двата правца за сите видови возила.

Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, а во 8 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Поради обилни врнежи на снег и одрон од камења, утрово во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Крива Паланка – с.Нерав, за сите возила во двата правци, соопшти АМСМ.

Треба да знаете
Последни објави