Search

Уживаат во слободата: Три хороскопски знаци кои не сакаат да бидат во врска

На припадниците на овие три хороскопски знаци слободата им е најважна од сѐ, па сериозна и долга врска им се чини како најлошото нешто што може да им се случи.

 

Не само што тешко ќе ги освоите, туку уште потешко ќе ги задржите. Не сакаат да се врзуваат, но барем се искрени во врска со тоа.

Девица

Девиците се тешки перфекционисти и во сѐ наоѓаат маани, а нивните партнери не се поштедени од тоа. Многу тешко наоѓаат некој кој потполно им одговара, а во комбинација со нивниот страв дека ќе бидат повредени, нивните флертувања многу ретко завршуваат со врска, а уште поретко со сериозна врска. Уживаат во нивниот совршен свет и ретко пуштаат некој да влезе внатре.

Водолија

За припадниците на овој знак сериозните врски претставуваат препрека за остварување на нивните цели. Водолиите живеат во свој свет во кој нема место за другите, барем не во романтична смисла. Тие веруваат дека постојат на овој свет за да го променат, па врската која носи емоционална слабост, љубовни проблеми и слично ја доживуваат како проблем и препрека во остварувањето на нивните цели.

Близнаци

Иако им се допаѓа чувството на заљубеност, на Близнаците многу брзо им здосадуваат другите луѓе и тие продолжуваат напред без да погледнат назад. Раскинувањето им е само уште една потточка на дневната листа со обврски, па не бидете изненадени ако ви раскинат „мртви ладни“ без никаква најава. За Близнаците животот е авантура и нема да дозволат никој да им ја одземе таа слобода.

Треба да знаете
Последни објави