Search

Ужасни снимки од патниците кои го преживеаја падот на авионот во Мексико

Ужасни снимки од патниците кои го преживеаја падот на авионот во Мексико

Само чудо, како што тврдат патниците, ги спаси нивните животи од сигурна смрт.

Аеромексико со 103 патници, меѓу кои и две мали деца и четворица членови на посадата се урна набрзо после полетувањето во вторникот попладне.

Сега се појавија ужасни снимки од несреќата и преживеаните патници кои крвави и во паника бегаат што подалеку од авионот кој гори и се заканува дека ќе експлодира. Еден од патниците рече дека авионот едвај полетал кога се почувствувало како го удрила силна воздушна струја. Најтешко е повреден пилотот кој е во критична состојба бидејќи имал операција на повредениот рбет.

Портпаролот на мексиканското министерство за здравство Фернандо Риос рекол дека едно лице е во критична состојба, додека 37 се хоспитализирани. Една од патничките Џеклин Флорес се уште видно потресена рече дека авионот се урнал набрзо по полетувањето после силниот дожд.

„Луѓето во паника бараа излез. Беше ужасно како во некој филм. Луѓето и децата врескаа и плачеа. Ги фрлаа своите работи и трчаа кон излезите, туркајќи ги и газејќи ги другите. Во авионот беше семејство со три деца, а видов и маж на кој му беше крвава главата, сведочи Флорес.

Таа додаде дека спасувачите стигнале многу брзо на местото на несреќата, само 20 минути по падот и им помогнале на патниците во евакуацијата. Таа и нејзината ќерка се извлекле скокајќи низ дупка на трупот од авионот, кој брзо почнал да се полни со чад од огнот кој брзо се ширел.

„Мало девојче кое излезе од авионот плачеше од боли, зошто ногата и беше целата изгорена“, рече Џеклин.

„Кога излеговме од авионот, трчавме за да се оддалечиме од авионот кој можеше да експлодира. Стигнавме до малата бела куќичка каде почекавме помош. Се молевме никој да не останал во авионот што гореше“.

Се чувствувам благословено и благодарна сум на Бога што преживеавме“, со склопени раце кренати кон небо говро Флорес, Мексиканка која живее во Богота.

Телевизијата НБЦ објави снимка од патникот Рамин Парса кој го сними моментот на падот на авионот. “Преживеав благодарение на драгиот Бог. Чудо Божјо е што сме се уште живи, напиша Парса, инаку писател, на Твитер

Треба да знаете
Последни објави