Search

УЕФА ја потврди казната за хулиганите во Франкфурт

Ајнтрахт Франкфурт ја загуби жалбата за забраната на навивачите на клубот да го бодрат својот тим против Арсенал во Лондон на крајот на месецот во меч од Лигата на Европа.

Дисциплинскиот одбор на УЕФА им забрани на навивачите на германскиот тим да присуствуваат на двата гостински натпревари на нивниот омилен тим заради хулиганството на натпреварот против Виторија Гимараеш во Португалија претходно оваа сезона.

Првата средба од санкцијата заврши со гостувањето од групата „Ф” на турнирот против Стандард Лиеж, а вториот натпревар е имено против Арсенал на 28 ноември. Ајнтрахт нема право да продава билети за дуелот во Лондон.

Треба да знаете
Последни објави