Search

УЕФА со официјален став после ВАР одлуките на дуелот помеѓу Шалке и Си

Благодарение на ВАР технологијата беа донесени неколку клучни одлуки на натпреварот помеѓу Шалке и Манчестер Сити во средата.

Сепак, техничките проблеми со ВАР технологијата која што за прв пат се применува во Лигата на шампионите од нокаут фазата оваа година, ја искомплицираа целата ситуација во Гелзенкирхен.

Поради тоа, се огласија од УЕФА, поточно од судиската комисија, од каде што порачаа дека се донесени вистински одлуки.

„Задоволен сум поради тоа што иако судијата не можеше да ги провери снимките, сепак донесе правилни одлуки. Точноста на одлуките е поважна од брзината со која тие се донесени. Во овој случај, техничките проблеми влијаеа на одложувањето. Најважно од се е што добивме правилни одлуки за ситуациите кои што влијаеа на резултатот и целиот натпревар“, изјави првиот човек на судиската комисија, Роберто Росети.

Треба да знаете
Последни објави