Search

УЕФА откажа натпревар од Лигата на шампионите поради Kовид-19

Европскиот фудбалски штаб и официјално објави дека натпреварот помеѓу Линфилд и ФК Дрита е одложен поради позитивнен тест за коронавирус.

Натпреварот помеѓу двете екипи е прелиминарен за влез во елиминациската фаза на турнирот, а натпреварот требаше да се одигра на 11 август во Нион, Швајцарија.

Ова следеше откако играч на Дрита во понеделникот се тестираше позитивно за коронавирус, иако тој претходно тестираше негативно на него на 7 август.

Целиот состав на косовскиот тим беше тестиран пред да замине во Швајцарија.

УЕФА, исто така, најверојатно ќе го исфрли косовскиот шампион од турнирот за сезоната 2020/2021, иако годинашниот формат не е завршен.

Треба да знаете
Последни објави