Search

УЕФА номинираше четири кандидати за играч на неделата во ЛШ

Родриго, Сон Хјонг Мин, Кејлор Навас и Ашраф Хакими се кандидати за награда за најдобар играч на неделата во фудбалската Лига на шампионите, во изборот на УЕФА. Родриго постигна три гола за Реал Мадрид во победата над Галатасарај (6:0). Напаѓачот на Тотенхем Сон двапати погоди и еднаш асистираше во триумфот против Црвена звезда (4:0) на гостувањето во Белград.
Дефанзивец на Борусија Дортмунд Ашраф Хакими, постигна два гола против Интер во победата која „милијонерите“ ја направија со резултаски пресврт (3:2).
Меѓу претендентите е и голманот на ПСЖ Кејлор Навас, кој во четири наврати ги спречи фудбалерите на Бриж да ја погодат неговата мрежа која накрај остана незатресена и од белата точка (1:0).

Треба да знаете
Последни објави