Search

УЕФА нема резервен план за ЛШ

Раководството на УЕФА не подготвува план за вонредни состојби за преостанатите натпревари во Лигата на шампионите во Португалија, иако бројот на случаи на коронавирус во земјата се зголемува деновиве.

Европскиот фудбалски штаб планира да ги одржи сите натпревари од четвртфиналето во Португалија во август, но во последните денови локалните власти вратија некои од ограничувањата за борба против пандемијата.

– Се надеваме дека сè ќе биде добро и ќе можеме да го организираме турнирот во Португалија. Во моментов нема причина да подготвуваме план Б, рече портпаролот на УЕФА, кој додаде дека организацијата одржува постојан контакт со португалската фудбалска федерација и локалните власти.

Португалија е релативно помалку погодена од коронавирусот во последните месеци, но минатата недела премиерот на земјата, Антонио Коста рече дека некои од против епидемиските мерки ќе стапат во сила повторно за да се контролираат новите жаришта. Од вчера, 19 окрузи во Лисабон се повторно под карантин.

Преостанатите натпревари од Лигата на шампионите ќе се одржат од 12 до 23 август на два стадиони во Лисабон.

Треба да знаете
Последни објави