Search

УЕФА нема намера да ја прекинува ЛШ, ако треба ќе ја истера до крајот и со службени резултати

Новата сезона во  фудбалската Лига на шампионите стартува утре. Поради пандемијата предизвикана од коронавирусот почетокот е 40-денови подоца од вообичаено. Последниве денови во Европа се бележи зголемување на бројките на заразени од корнавирусот и воведување на нови рестрективни здравствено-безбедносни протоколи кои го доведуваат во прашање и одржувањето на спортските настани. Неко од земјите воведуваат и полициски часови.

Германскиот спортски весник „Кикер“,  на само еден ден пред стартот на новата сезона во ЛШ, објави дека УЕФА не размислува да го одлага или прекинува натпреаврувањето. Од европската „куќа на фудбалот“ најавуваат дека ќе бидат непоколебливи во битката со пандемијата да ја истуркаат и сезоната, па макар и половина од  натпреаврите да не се одиграт и истите ќе бидат регистрирани со службен резултат 3-0 !?

Според згуснатиот натпреаврувачки календар, групната фаза во ЛШ, но и во второто по ранг клупско натпреаврување Лига Европа кое ќе старува неделава, треба да заврши на почетокот на декември – 9 и 10 декември.

Националните и локалните власти ако наметнуваат сериозни рестрикции за клубовите кои треба да гостуваат, тогаш домаќинот ќе мора да најде начин како да се одигра мечот. Според УЕФА тоа е „алтернативен терен“ или „алтернативно решение“, а сите трошоци ќе паднат на клубот домаќин. И сега ако клубот домаќин не предложи алтернативно место или ако не може да се одложи дуелот на друг стадион, гостите службено ќе ја добијат средбата со 3-0. УЕФА дала препорака до сите учесници во ЛШ, своите стадиони да ги стават на располагање како „алтернативни места за одигрување“, во случај некој домаќин да не може да го одигра мечот на својот терен, поради рестриктивни мерки од локалните власти. Тоа значи дека ПСЖ ако не може да биде домаќин во Париз, да може да биде домаќин во Барселона, Мадрид, Минхен, Лондон…

Исто така ако властите на клубот кој гостува му наметнат рестрикции за враќање, кои влијаат на патувањето, тогаш клубот гостин ќе мора да бара „алетрнативно решение“, ама и ќе си ги сноси трошоците за тоа, односно десет отсто од своите почетни приходи од УЕФА, а за сезонава се 15,25 милиони евра за учество, ќе мора да ги одвојат кон клубовите домаќини.

Како сето ова би изгледало во пракса засега не нејасно, ама УЕФА има намера фудбалот да не се прекине како во март, април и мај, туку да продолжи да се игра.

Треба да знаете
Последни објави