Search

УЕФА најавува дека завршницата од јубилејното ЕП ќе се игра во помалку градови

УЕФА планира  да го преиначи форматот од завршницата на јубилејното Европското фудбалско првенство, кое требаше да се одржи оваа година, но поради пандемијата предизвикана од коронавирусот е поместена за следната година во месец јуни. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека не е неопходно оваа завршница да се ира во 12 градови на „стариот континент“ и дека шампионатот би можел да се организира во многу помалку или само во една земја.

-Или пандемијата ќе заврши, или ќе биде тотална катастрофа. ЕП 2021 сигурно е се одржи според распоредот од 11. јуни до 11. јули 2021, но под знак прашалник е дали ќе се игра во повеќе земји – изјави Чеферин.

Според одлуката ЕП треба да се одржи во Рим, Лондон, Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенаген, Даблин, Глазгов, Минен и Санкт Петербург. Но, можно е уште од сега неколку градови да се повлечат од организацијата како Баку, Санкт Петербург и Билбао.

Англиските медиуми пак најавуваат дека ЕП во 2021 би можело да се одржи во Англија наместо во повеќе земји низ Европа.

Треба да знаете
Последни објави