Search

УЕФА донесе одлука за казната на Кристијано Роналдо

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо не ја криеше радоста по хет-трикот против Атлетико Мадрид во осминафиналниот меч од Лигата на шампионите, но контроверзната прослава на третиот гол му донесе проблеми поради кои му се закануваше суспензија.

 

Сепак, УЕФА реши да му изрече само парична казна и тој ќе може да настапува на првиот дуел против Ајакс во рамките на четвртфиналето од ЛШ.

Иако постоеше можност дека Роналдо ќе биде суспендиран за првиот натпревар од четвртфиналето бидејќи се израдува на идентичен начин како Диего Симеоне од првиот натпревар помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид, сепак УЕФА реши дека Португалецот ќе биде казнет само парично.

Роналдо ќе мора да плати 17.345 фунти (20.000 евра) казна за прославата на голот, исто колку што плати Диего Симеоне за истиот прекршок – недолично однесување на фудбалски терен.

Првите натпревари од четвртфиналето на ЛШ ќе се одиграат на 9 и 10 април, а Кристијано Роналдо ќе му биде на располагање на тренерот Масимилијано Алегри во мечот против Ајакс.

Треба да знаете
Последни објави