Search

УЕФА го објави распоредот за следната сезона од ЛШ која ќе заврши со финале во Истанбул

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го објави распоредот за Лигата на шампионите во сезоната 2020/21. Ждрепката е одложена поради пандемијата на коронавирус, која не дозволи завршување на сезоната 2019/20 во предвидената временска рамка.

Ново лигашко натпреварување  започнува на 20 октомври, кога ќе се играат натпреварите од првото коло од групната фаза (20 и 21 октомври). Второ коло на 27-28 октомври, трето на 3-4 ноември, четврто на 24-25 ноември, петто на 1-2 декември и последно (6. коло) на 8-9 декември.

Плејоф-натпреварите ќе започнат на 16 февруари 2021 година. Првите четвртфинални натпревари ќе се одржат на 6 и 7 април, возвратните натпревари на 13 и 14 април. Полуфиналето е закажано за 27 и 28 април (први натпревари) и 4 и 5 мај (реваншите).

Финалниот натпревар ќе се одржи на 29 мај во Истанбул. И годинашното финале требаше да се одржи во турскиот град, но заради коронавирусот последните средби се преместени за во Португалија.

Треба да знаете
Последни објави