Search

УЕФА бара првенствата да завршат до крајот на август

Пандемијата предизвикана од коронавирусот ги прекинати фудаблските активности. УЕФА го одложи Европското првенство за идната година, а националните федерации речиси сите првенства. Во Европа се игра само во Белоруусија и тоа со присуство на гледачи. Таму само што почна сезоната.

Најави кога би можеле да продолжат натпреаврите од националните првенства нема затоа што пандемијата со коронавирусот и понатаму го тресе светот. Клубовите првично се надеваа дека во мај би можеле да продолжат со играњето на првенствените мечеви, но тоа засега не е на повидок според ситуацијата на теренот. Првичниот план на УЕФА беше сите клупски натпреварувања да се завршат до крајот на јуни, но сега е веќе јасно дека такво нешто е тешко изводливо. Во УЕФА се плашат дека натпреварите би можеле да се играат цело лето, а тоа може да и наштети и на следната сезона.

УЕФА на клубовите им даде наредба да ги завршат сите натпревари од сезонава до крајот на август, за да добијат малку слободно време пред да ја почнат со новата сезона.

 

Треба да знаете
Последни објави