Search

Угостителите од Куманово по повод Денот на градот ќе работат со продолжено време

Угостителските објекти во Куманово три дена во ноември годинава, по повод Денот на градот ќе можат да работат два часа подолго, одлучија советниците на денешната седница.
Секретарот на  Општина Куманово, Десанка Стошевска објасни дека оваа измена законски е дозволена и е пракса која ја практикува Куманово за време на празникот.

– Согласно законот за угостителска дејност, член 23, последниот став вели дека Советот на општината, односно градот Скопје за одредени туристички, културни и други манифестации можат да го продолжат работното време најмногу за два часа, но во времетраење до три дена. Со оглед на тоа дека, 11 Ноември е  Денот на градот, а претходните денови согласно програмата за културни манифестации ќе се одржуваат  манфестации на плоштадот, има потреба, а законот дозолува три дена по два часа да се продолжи работното време на угостителските објекти, објасни Стошевска.

На градскиот плоштад почнувајќи од 8 ноември ќе се организираат повеќе манифестации во пресрет на Денот на одлободувањето  и јубилејот 500 години постоење на Куманово. Кумановци ќе имаат можност да проследат настапи на повеќе локални и македонски бендови, меѓу нив на „Некст Тајм”, но и на  Џенан Лончаревиќ и Лепа Брена.

Советниците донесоа одлука за збратимување на Куманово и Нови Сад, откако лани во ноември беше потпишан меморандум за соработка помеѓу двата града. 
Треба да знаете
Последни објави