Search

Убиство во Кратово: Го застрелал соседот па си пресудил

Вчера околу 14,20 часот било пријавено дека во кратовското село Луково Г.К. (57) од Кратово, кој имал здравствени проблеми, отишол до куќата на Р.А. (66) од Кратово и со неговата ловечка пушка што ја поседувал со дозвола, испукал еден куршум и го застрелал Р.А. кој починал на местото на настанот.

Потоа Г.К. со пушката заминал пред својата куќа и во дворот се самоубил.

По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за Судска Медицина-Скопје за обдукција.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави