Search

Убиецот од Кичево сакал и да ја силува стружанката вработена во обложувачница

Гостиварецот Х.Ј.(47) кој бил уапсен за убиството на сопственикот на ресторанот „Гурман“ во четвртокот во Кичево три дена подоцна се обидел са ограби обложувачница во Струга и да ја силува вработената, информираше МВР. Заедно со Х.Ј., кој е од гостиварското село Ќафа бил и државјанин на Албанија.

-Основните јавни обвинителства од Гостивар и Струга координирано преземаат дејствија против осомничен кој изврши убиство во Кичево, а со уште едно лице се обиде за изврши  разбојништво и силување во Струга. Едно лице доби кривична пријава поради основано сомневање дека на 29 декември го убило сопственикот на угостителскиот објект „Гурман” во Кичево. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен сторител на кривично дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот делото го извршил на 29 декември 2018 година, кога со умисла од живот го лишил оштетениот – сопственик на угостителски објект. Истовремено со донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, обвинителството предложи и определување на мерка притвор против осомничениот, ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство,велат од ОЈО.

Од истрагата било утврдено дека убиецот на денот на убиството околу 17 часот заедно со други лица бил во „Гурман“ каде раззговарал со сопственикот М.С. (64) за негово работно ангажирање на друго место. Откако заминале другите гости, осомничениот без посебен повод и причина, се доближил до М.С. , го соборил на земја и земајќи нож од работна маса неколкупати му го забил во градите и избегал.

-При спроведување на истражните дејствија, во координација со Основото јавно обвинителство Струга е утврдено дека осомничениот се гони од страна и на обвинителството од Струга за кривични дела Разбојништво од член 237  и Силување од член 186  од Кривичниот законик. Овој настан се случил на 31 декември 2018 година  кога осомничениот заедно со уште едно лице, државјанин на Република Албанија, извршиле разбојништво во обложувалница Моцарт во Струга. Двајцата осомничени чекале да заминат другите гости од објектот, по што физички ја нападнале вработената обидувајќи се да извршат силување. Оштетената силно се спротивставила и успеала да се отргне од двајцата напаѓачи. Тие направиле обид и за разбојништво одземајќи го клучот од касата, но поради силното викање на оштетената побегнале од местото на настанот и не успеале во обидот, велат од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против двајцата осомничени. Со оглед на тоа што едниот од нив е опфатен во предметот по кој постапува обвинителството од Гостивар и за него е веќе побаран притвор, Основното јавно обвинитество Струга побара мерка притвор само за вториот осомничен.​

Треба да знаете
Последни објави