Search

Убиен турист на Нов Зеланд, се трага по убиецот

Новозеландската полиција трага по напаѓачот кој утрово убил еден австрaлиски турист на спиење, во северозападната област Ваикато.

Полицијата соопштила дека комбето на двајца туристи, маж и жена, било паркирано покрај патот и во близина на морето, кај градот Раглан, кога осомничениот во обид да го украде возилото, испалил повеќе куршуми.

Жената успеала да побегне пред напаѓачот да го земе возилото.

Полицијата го пронашла комбето и телото на убиениот турист 75 километри оддалечено од местото на инцидентот. Истрагата е во тек.

Треба да знаете
Последни објави