Search

Убиен најбараниот дилер на дрога во Рио де Женеиро

Најбараниот дилер на дрога во Рио де Женеиро и петмина негови соработници се убиени во полициска операција спроведена вчера, соопштија бразилските власти.

Томас Хејсон Виеира Гомес (26) со прекар 3Н, бил убиен во местото кое било седиште на неговата наркобанда, на околу 40 километри од Рио де Женеиро, соопшти локалната полиција.

Полицијата со месеци го следела нивното засолниште, а за време на рацијата вооружена банда пукаше кон полицијата која убила шест лица.

Според официјални податоци, од јануари до октомври годинава, полицијата и агентите во Рио убиле 1.546 луѓе поврзани со шверц на дрога, што е историски рекорд.

Треба да знаете
Последни објави