Search

Убиен е пред 21 година, а злочинот и до ден-денес е мистерија: Кога ќе се изговори неговото име, се слуша аплауз и длабок наклон

Тој би наполнил 72 години. Од злочинот во кој настрадал кога бил убиен пред домот во Мајами помина 21 година, а одговорите на прашањето зошто се случила трагедијата и кој го убил познатиот дизајнер се уште не се заокружени.

Постои официјална верзија од убиството на Џани Версаче, во која е обвинет масовниот убиец Ендрју Кунанан кој бил во љубовна врска со Версаче.

Сепак, многумина сметаат дека убиството било извршено по барање на мафијата, но ваквата теорија не добила силни аргументи. Исто така, до ден-денес не се разјаснети ниту мотивите на Кунанан.

Креаторот кој го промени лицето на светската мода секогаш изненадуваше со својот дизајн кој во потполно беше автентичен и како таков немерливо вреден.

Неговата животна приказна надвор од модата е преполна со неразјаснети ситуации. Познато е дека во 1994 година, Џани заболел од рак, примал хемотерапија и по извесен период се вратил на работа, но никој освен најблиските не знаел дали тој го победил канцерот.

Во низата мистерии се додава и неговата ревија на која Наоми Кембел пукала од пиштол (секако, не со вистински куршуми). Тука се поставува прашањето дали пукањето било најава за убиството, а многумина пронаоѓаат врска помеѓу настанот и несреќата.

Донатела Версаче, креативниот директор на модната куќа “Версаче”, ја посветила својата кариера и животот на чување на споменот на славниот брат. Таа во 2017 година организираше спектакуларна ревија во Париз во чест на 20 години од заминувањето на легендарниот Џани.

Версаче е главниот виновник што бројни манекенки како Клаудија Шифер, Наоми Кембел, Карла Бруни и Синди Крафорд ја понесоа титулата на првите супермодели во историјата.

Додека вистината не излезе на виделина или непоколебливо се потврди вината на Кунанан, на светот му преостанува да се воодушевува на делото на Џани.

Треба да знаете
Последни објави