Search

Убиени двајца американски војници во Авганистан по посетата на Помпео

Двајца припадници на американските вооружани сили се убиени во Авганистан, само ден по посетата на државниот секретар на САД, Мајк Помпео во Кабул, соопшти војската на САД.

Во соопштението не се изнесени детали за околностите под кои настрадале војниците, а не е објавен ниту нивниот идентитет.

Новинските агенции потсетуваат дека над 2.400 американски војници го загубиле животот во Авганистан од 2001 година.

Треба да знаете
Последни објави