Search

Убиена новинарка во Мексико, шести случај од почетокот на годинава

Мексиканската новинарка Норма Сарабија е убиена на југоистокот на земјата и така стана шести новинар убиен во Мексико од почетокот на оваа година.

Според првичните информации, непознати напаѓачи пукале кон Сарабија од мотор во движење во близина на нејзината куќа во државата Табаско.

Убиената новинарка 15 години работела за весникот „Табаско хој“, а од пред некое време и за други локални медиуми.

Мексико е трета најопасна земја во светот за новинари, по Сирија и Авганистан. Според податоците на „Репортери без граници“ од 2000 година во Мкесико се убиени повеќе од 100 новинари. Само лани биле убиени девет новинари, а многу случаи останаа нерешени.

Треба да знаете
Последни објави