Search

Убедлив триумф на Лејкерс на стартот на големото финале

Кошаркарите на ЛА Лејкерс на доминантен начин со убедлива победа над Мајами од 116-98 го отворија големото финале во НБА лигата и поведоа во победи со 1-0.

По само едно полувреме фаворитот од Лос Анџелес го најави стартниот триумф во финалната серија . Иако Мајами одлично го отвори мечот и поведе со 23-10, Лејкерси потоа ја засили одбраната и со феноменален шут за три поени го декласираа ривалот за на полувреме да заминат со предност од 65-48.

Во ист ритам езерџиите го започнаа и второто полувреме и со две тројки на Грин и Леброн Џемјс стигнаа до предност од плус 21 поен со што многу рано го решија прашањето на победникот во првиот дуел од големото финале. Без вистински противник во рекетот Дејвис и Хауард потоа ја подигнаа предноста на Лејкерси на +32 , во меѓувреме Мајами поради повреда остана без лидерите Горан Драгиќ и Бем Адебајо, а проблем со скочниот зглоб имаше и Џими Батлер.

https://youtu.be/Li8RziDQX4M

Мајами покрај што го загуби денешниот прв дуел од финалето најверојатно до крајот на финалната серија остана и без еден од своите најдобри кошаркари, словенечкиот бек Горан Драгиќ. Искусниот Драгиќ го повреди стапалото.

Најефикасни во победничкиот тим на Лејкесри во стартиот меч од големото ННБА финале беа незапирливиот Ентони Дејвис со 34 поени, 9 скока, и Леброн Џејмс со 25 поени, 13 скока и 9 асистенции.

Кај поразениот Мајами, Џими Батлер постигна 23 коша, а Кендрик Нан замената на Драгиќ мечот го затвори со 18 поени и 5 скока.

Вториот натпревар од големото НБА финале кое се игра во Орландо е на програмата во сабота во 3 часот.

https://twitter.com/TheNBACentral/status/1311503067364446208?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1311503067364446208%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fvideo-ubedliv-triumf-na-la-lejkers-na-startot-na-golemoto-finale-vo-nba%2Fa441477

Треба да знаете
Последни објави