Search

Убедлив пораз на „Вардар“ по катастрофалното второ полувреме во Барселона

Македонскиот ракометен првак„ Вардар“ втор пат за само шест дена загуби од „Барселона“ во Лигата на шампионите. „Црвено-црните” вечерва загубија во Каталонија со 34:26.

Средбата во Барселона беше решена на почетокот на второто полувреме кога годтите за 15 минути постигнаа само три гола. „Вардарци“ имаа многу загубени топки поради кои примија многу голови од контри. „Барселона“ тоа максимално го искористи и направи „плус 10″ за водство 28:18 па рутински го завршија мечот. Во „Вардар“ прв стрелец беше Иван Чупиќ со пет гола, а по четири имаа Дисингер и Кисељев. Каспер Мортенсен беше најдобар во редовите на Барселона со девет постигнати погодоци.

Следниот меч ракометарите на „Вардар“ го имаат в сабота во Белорусија и му гостуваат на „Мешков Брест“.

По осум одиграни натпревари во А групата од Лигата на шампионите „Вардар’ е на четвртото место со десет бода, исто колку и „Рајн Некар“, два помалку од „Кјелце“ и четири помалку од лидерот „Барселона“.

 

Треба да знаете
Последни објави