Search

Уапсенo момчето што пукаше во луѓе во Нови Сад

Српската полиција вчера го уапси 19-годишниот Ј. М. од Нови Сад, под сомневање дека од неговиот стан на булеварот „Јаша Томиќ“ пукал од воздушна пушка на минувачите и притоа повредил четири лица.

Според „Блиц“, на тинејџерот му е одреден притвор до 48 часа и со пријава за предизвикување општа опасност ќе биде доведен на сослушување кај јавниот обвинител.

Полицијата во Нови Сад две недели го бараше лицето што со воздушна пушка пукаше во минувачите. Една жена од Нови Сад раскажа за порталот 021 како била погодена на 3 мај.

„Во петокот вечерта, околу 20,30 часот, одев по булеварот „Јаша Томиќ“ со својата ќерка. Слушнав звук и почувствував болка во десната рака. Веднаш не сфатив што се случува, но видов дека човекот кој одеше зад нас се фати за вратот. Тогаш сфатив дека некој пука на нас од зградата и потрчавме да се засолниме. Човекот кој, исто така, беше погоден продолжи понатаму, веројатно не беше свесен што му се случило. Не успеавме да видиме од каде доаѓаше пукањето, па отидовме директно во полициска станица каде што сè запишаа и ме испратија во итната служба каде што заклучија дека сум погодена од воздушна пушка”, рече новосаѓанката.

Треба да знаете
Последни објави