Search

Уапсен шверцер на слонови коски по потерница на САД

Кениската полиција го уапсила Абубакар Мансур Сурур, кого САД го бараат поради шверц на слонови и рогови на носорози, соопштиле властите во Момбаса.

„Ројтерс“ пренесува дека Абубакар Сурур бил уапсен откако слетал во Мумбаса од Јемен, и дека Американската управа за борба против наркотици го товари Сурур и уште тројца други за здружување со цел шверц на најмалку 190 килограми рогови од носорог и 10 тони слонова коска, со вкупна вредност над 7 милиони долари.

Покрај тоа, Сурур е обвинет за перење пари и дистрибуција на хероин.

„Потрагата по Сурур трае веќе 2 години, а во понеделникот добивме информација дека со 33 други патници ќе пристигнат со авион во Момбаса од Јемен“, рече првиот човек на одделот за борба против наркотици на кениската полиција, Хамиси Маса за „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави