Search

Уапсен Србин кој се барал со потерница

Полицијата на ГП Табановце утрово го уапсила Ј.Ј.(57) од Србија кој се барал со потерница.

Како што информира МВР, утрово во 4.30 часот на ГП Табановце дошол Ј.Ј. При пасошката контрола, било констатирано дека тој се наоѓа на стоп – листа.

По ова, Ј.Ј. бил предаден на полициски службеници од ПС Куманово за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави