Search

Уапсен словачки бизнисмен поради поврзаност со убиството на младиот новинар Јан Куцијак

Словачкиот бизнисмен, Мариан Кочнер е обвинет за поврзаност со убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата вереница, Мартине Кушниров, пренесуваат локалните медиуми.

Куцијак, кој пишуваше за политичката корупција во Словачка, најден е мртов со својата вереница во нивниот дом покрај Братислава. Двајацата имаа 27 години.

Куцијак и неговата партнерка беа убиени во февруари 2018 година за време на неговата истрага за наводна поврзаност на словачките политичари со италијанската мафија, особено со шефот на озлогласената група „Ндрангета“, во јужниот регион Калабрија.

Убиството поттикна сериозна политичка криза, која доведе до колапс на Владата под водство на поранешниот премиер Роберт Фицо, кого го наследи социјалдемократот Петер Пелегрини.

Треба да знаете
Последни објави