Search

Уапсен руски проектант на вселенски бродови и ракети обвинет за велепредавство

Властите во Русија го уапсија Сергеј Мешерјаков, 77-годишен истражувач во рускиот Институт за проектирање на ракетни и вселенски бродови, обвинет за велепредавство.

Ксенија Первовасленко, портпаролка на Московскиот окружен суд во Лефортово, на 15 јули рече дека Мешерјаков добил домашен притвор.

Според новинската агенција МБКХ, истражувачот бил уапсен на 11 јули во неговиот дом.

Мешерјаков работеше со Виктор Кудријавцев, 75-годишен истражувач во Централниот истражувачки институт за машинско инженерство.

Кудријавцев беше уапсен во јули 2018 година под сомневање дека на истражувачка група во Белгија ѝ предал доверливи информации за хиперсонична технологија.

Не е јасно дали апсењето на Мешерјаков е поврзано со случајот на Кудријавцев.

Центарот за човекови права „Меморијал” во Москва го прогласи Кудриjавцeв за политички затвореник.

Во последниве години, неколку руски државјани се обвинети за предавство или ширење и пренесување на доверливи информации

Треба да знаете
Последни објави