Search

Уапсен разбојник од Гази Баба

На 26.10.2020 полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба го лишија од слобода Е.И. (27) од Скопје поради извршено кривично дело разбојништво.

Тој на 25.10.2020 на улицата Вера Радосавњевиќ, во близина на железничката станица, со закана со остар предмет извршил разбојништво над М.Д. и му одзел мобилен телефон, паричник и торбичка. Веднаш по пријавувањето на случајот се преземени соодветни мерки и активности и сторителот е пронајден и приведен, а пронајдени се и одземените предмети.

По документирање на случајот ќе биде поднесена содветна пријава до надлежното обвинителство.

 

Треба да знаете
Последни објави