Search

Уапсен поранешен српски фудбалер во Шпанија, осомничен дека бил водач на наркоклан

Шпанската полиција го уапси поранешниот српски фудбалер Стефан Милоевиќ, син на некогашниот фудбалер Горан Милоевиќ, објави „Б92“. Тој е осомничен дека бил водач на наркокланот „Јунајтед трибјунс“.

Освен Милоевиќ, уапсени се уште 15-ина лица, кои се доведуваат во врска со кланот.

Во акцијата против трговија со дрога и организираниот криминал шпанската полиција, во соработка со Европол, извршила 18 претреси во Палма де Мајорка, Тарагона, Валенсија и Барселона, а особено на удар биле дилерите на дрога и осомничени лица дека ги контролираат ноќниот живот и борделите на овие актрактивни дестинации.

Треба да знаете
Последни објави