Search

Уапсен поради закана кон црногорскиот претседател на „Фејсбук”

 Црногорската полиција денеска го уапси Ж.П. (49) од Андријевица поради сомнеж дека под фотографијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на „Фејсбук” објавил коментар со заканувачка содржина.

Според Црногорската полициска дирекција, тој бил уапсен поради сомневање дека сторил кривично дело загрозување на безбедност.

– Ж.П. на неговиот „Фејсбук” профил синоќа објави фотографија на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ со заканувачки коментар за неговиот живот, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави