Search

Уапсен педофилот што испраќал подароци за родителите преку „Али експрес“, а за возврат добивал голи фотографии на деца

Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, Одделот за спречување високотехнолошки криминал, во соработка со специјалниот оддел за борба против високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград, го уапсија Д.К. (42) од Белград под сомневање дека сторил кривично дело прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и злоупотреба на малолетно лице за порнографија.

За време на претресот на осомничениот, полицијата пронајде и конфискува компјутерска опрема со 42,5 гигабајти содржина настаната преку искористување на деца за порнографски цели, преземени од интернет, а на мобилниот телефон на осомничениот пронајдени се 826 фотографии и 120 видеа во кои децата се искористуваат за порнографски цели.

Постои сомневање дека Д.К. освен преку симнување од интернет, содржините ги набавувал и преку комуникација со луѓе од странство така што, во замена за подароците што им ги праќал преку „Али експрес“,  се стекнал со фотографии и видеа од нивните деца кои се користат за порнографија.

Осомничениот е приведен со кривична пријава пред канцеларијата на надлежниот обвинител.

Треба да знаете
Последни објави