Search

Уапсен охриѓанец кој го нападнал татка си

Охриѓанец го нападнал татка си со тврд предмет, а потоа таткото во самоодбрана и да го заплаши синот испукал еден куршум од ловна пушка во ѕид, вчера во нивната семејна куќа во охридското село Лескоец.

Како што информира СВР Охрид, вчера во 13.30 часот, В.П.(68) од селото Лескоец, телефонски пријавил во полиција дека со тврд предмет бил нападнат од неговиот син В.П.(29). Притоа, нападнатиот В.П. (68), од ловната пушка која легално ја поседувал, кон sидот испукал еден проектил.

Ловната пушка е одземена а напаѓачот В.П.(29) е приведен.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави