Search

Уапсен наркодилер со лажна лична карта со името на Роберт де Ниро

Романската полиција уапси дилер на дрога со лажна лична карта со името и фотографија на холивудскиот глумец Роберт де Ниро.

Во документот се наведува дека „Де Ниро” живее во романскиот град Јаси, родители му се Мадона и Ентони, а адресата одговара на тамошните гробишта… При претрес во вистинскиот дом на лажниот актер, пронајдена е поголема количина екстази, подготвена за продажба.

Вистинското име на притвореникот е Сорин Булгару – 53-годишен маж, криминалец и човек добро познат на полицијата. Ќе му се суди за учество во мрежа за трговија со наркотици.

Ова не е првпат Булгару да користи туѓ идентитет. Во 2011 година, тој бил фатен како зема заем со нечија лична карта, по што си добил казна од девет години затвор.

Треба да знаете
Последни објави