Search

Уапсен напаѓач кој уби четворица во Канада

Канадската полиција соопшти дека 60-годишен маж е во притвор откако убил четири лица, двајца мажи и две жени, во градот Пентиктон, Британска Колумбија.

Осомничениот и четворицата жртви се познавале, рекоа од полицијата.

„Полицијата утврди дека четири лица се починати на три локации во радиус од 5 км“, се вели во соопштението на полицијата.

„Човекот што одговара на описот на осомничениот се предаде на полицијата. Тој останува во притвор, додека истрагата е во тек“, изјави полицискиот надзорник Тед де Џегер.

Според полицијата, четирите лица биле таргетирани од страна на убиецот, иако засега не се знае мотивот. Тие работат на откривање на истиот и разрешување на случајот, додаде де Џегер, изразувајќи сочувство со погодените од инцидентот.

Првиот инцидент бил пријавен во 10:30 часот по локално време. Додека полицијата била на пат кон местото на настанот, било пријавено и второто убиство.

Треба да знаете
Последни објави