Search

Уапсен „измамникот од ПИОМ“ кој земал пари на граѓаните за да им врати неисплатени пензии од починати

Полицијата уапсила гевгеличанец, кој лажно претставувајќи се дека е вработен во ПИОМ им земал на граѓани по околу 2.000 денари за наводно да им врати пари кои не им биле исплатени како пензии на нивни блиски кои веќе се починати

-На 15.01.2020 во 18.45 часот во Гевгелија бил лишен од слобода И.П.(41) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Пријавениот, во неколку наврати во изминатиот период, извршил кривични дела „измама“, лажно претставувајќи се и како З.Ј., наводно вработен како теренски работник во ПИОМ Скопје, при што доведувал во заблуда поголем број на граѓани од Р.С.Македонија, барајќи од нив да уплатат од 1700 до 4000 денари, а со цел да подигнат парични средства од сметката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во висина од 170.000 до 450.000 денари по разни основи, велат од МВР.

Според полицијата, при извршен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени телефонски апарати, сим-картички, документи и поголем број на мобилни телефонски броеви и лични податоци од оштетени лица.

За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави