Search

Уапсен еден од најбогатите и највлијателните Словаци

Словачката полиција го уапси Јарослав Хашчак, еден од најбогатите и највлијателните луѓе во Словачка. Хашчак пред новинарите изјави дека не знае за што го обвинуваат.

Според локалните медиуми, апсењето на шефот на инвестициската група „Пента“ е најдраматичниот потег во серијата апсења откако во февруари 2018 година беше убиен истражувачкиот новинар Јан Куцијак.

Повеќе од 20 години Хашчак важеше за најмоќен меѓу словачките т.н. олигарси кои, наводно, уживале систематска поддршка од политичарите.

Информативниот портал Aktuality.sk, на кој работел Куцијак, се повикува на извори блиски до истрагата и известува дека постојат докази за вмешаност на Хашчак во прикривање докази. Досега немаше доволно докази за да се обвини.

Групацијата „Пента“ себеси се претставува како водечки играч на пазарот на недвижнини во Словачка, Чешка и Полска. Таа е сопственик на банки и финансиски компании во Чешка и Словачка и е главен акционер во словачките и чешките медиуми, како и во словачкото приватно здравство.

Треба да знаете
Последни објави