Search

Уапсен еден од напаѓачите кои пукаа со ,,калашникови” во Бутел

Вчера во 23.40 часот од ул.10 во скопското село Сингелиќ, полицијата го приведе Д.Ј.(29) поради „предвизвикување општа опасност“. Тој бил посочен како еден од напаѓачите кои пукаа со автоматско оружје во населбата Бутел.

„Околу  17,47 часот О.И.(32) од Скопје пријавил дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје во близина на новиот дел после подвозникот во близина на Земјоделски институт од патничко моторно возило „фолксваген пајтон“ и патничко моторно возило „ауди 4“ во кои биле четири непознати лица со автоматско оружје и пиштоли пукале кон застанато возило, а потоа и кон пријавителот, С.Х.(29) и Р.Х.(58) кои биле на плац во нивна сопственост.

По кажување на пријавителот тој во напаѓачите ги препознал Д.Ј. и А.М. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што биле пронајдени и подигнати за вештачење околу 20 чаури и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Треба да знаете
Последни објави